Љутков од Крушево: Нашата цел е јасна – целосна заштита и обнова на „Македониумот“

Сподели го ова:





























Заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, министерот Љутков денеска е во посета на споменикот „Македониум“ во Крушево.

“Сакам да ја информирам јавноста дека Министерството за култура и туризам веќе минатата година изврши теренски увид и подготви проект за интервентна заштита на овој капитален објект, во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне годинава. Паралелно, заедно со директорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп, г-ѓа Мимоза Христоска, работиме на план за целосна реконструкција и конзервација на „Македониумот“. Проектната документација е во изработка и очекуваме да биде финализирана до средината на 2026 година.

Да потсетам – реконструкцијата започна уште во 2014 година со низа значајни активности, но во 2017 година беше прекината, оставајќи го објектот незаштитен. Последиците од таа негрижа ги гледаме сите денес.

Нашата цел е јасна – целосна заштита и обнова на „Македониумот“. Овој споменик не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба”. Како Влада остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на нашето културно наследство, затоа што тоа е наш стратешки приоритет и наша заедничка одговорност-истакна Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави