Лице од Прилеп е уапсено заради безобѕирно управување возило – му следува кривична пријава
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи поради „безобѕирно управување возило“ кои управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и едно лице од Прилеп.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – информираат од МВР.
