Крушевскиот градоначалник Нико Чонески: Тоше е спомен и дел од нашиот идентитет и гордост на Крушево и Македонија
Денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на 15-годишнината од отворањето на Спомен куќата на нашиот Тоше Проески, место кое не потсетува на неговото големо срце, хуманост и безвременска музика.
Тоше е спомен и дел од нашиот идентитет и гордост на Крушево и Македонија. Неговото дело продолжува да инспирира генерации и да не обединува во љубовта, добрината и човечноста.
Како градоначалник, останувам посветен на негувањето на неговото наследство и на развојот на Крушево како достојно место кое го чува споменот за Тоше.
