Крушевскиот градоначалник и ЈП “Комуна” започнаа со чистење на патниот правец Алданци – Крушево
Во рамки на тековните активности за одржување на јавната чистота, на територијата на Општина Крушево се спроведува чистење на патниот правец Алданци – Крушево, со цел подобрување на хигиената и уреденоста на просторот покрај коловозот.
Активностите опфаќаат расчистување и отстранување на насобраниот отпад и обраснатата вегетација.
Интервенциите продолжуваат и во правец кон Острилци, каде се реализира темелно уредување на трасата.
Активностите ги спроведува ЈП Комуна, во координација со општинските служби.
Паралелно, се врши и чистење на главната сообраќајница низ градот, со што се придонесува кон создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани.
Грижата за хигиената и уреденоста на општината останува континуиран приоритет.
