Крушевчани реагираат: СДСМ осум години беа на власт и не го решија проблемот со водата, а сега држат “лекции” за истиот проблем кој постои 30 години
Голем дел од крушевчани реагираат на објавите од СДСМ, во однос на моменталната состојба со водата во Крушево, меѓутоа граѓаните прашуваат зошто СДСМ не го решија овој проблем кога цели осум години беа Локална власт во Крушево.
Со слична рекација се огласија и од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево преку конкретно соопштение до јавноста во кое се вели:
“Минатата година, во истиот период, СДСМ на чело со градоначалникот Томе Христовски молчеа додека јавноста се соочуваше со информации дека водата е бактериолошки неисправна.
Истите тие што денес држат лекции за водата, минатата година во истиот период молчеа.
Што правевте осум години?
Осум години бевте власт. Имавте време да ги решавате проблемите, а не да ги криете. Денес, кога повеќе не сте на власт, најлесно е да обвинувате.
Осум години проблемите со водата се туркаа под тепих. Тој пристап заврши. Сега е време да се работи на нивно трајно решавање, затоа што граѓаните заслужуваат чиста и безбедна вода, а не оправдувања и молк – се вели во објавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.
