Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион-пристигнува помош од Црна Гора и Франција

Сподели го ова:




Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, меѓутоа опасност постои и во  селото Побожје, каде што токму вчера во ова село  беа запалени три куќи. На овие пожари освен од нашата земја интервенираат и екипите од Словенија, Австрија, Романија и Бугарија, меѓутоа за денеска исто така најавена е помош да пристигне од  Франција како и од Црна Гора која што ќе испрати хеликоптер Бел 412 и црногорски екипаж од вкупно четири лица откако Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе конкретна одлука за помош на нашата земја. Помошта од Франција ќе биде надополнета и со високо софистицирана опрема сочинета од дронови со француски пилоти/оператори, кои многу ќе помогнат во делот на идентификување, мапирање и рано информирање на подрачјата потенцијални жаришта на пожари, како важен дел од севкупната операција за сузбивање на пожарите, соопшти вчера министерот за надворешни работи- нагласи Бујар Османи.





Сподели го ова:

Слични објави