КОЊАНОВСКИ: Денеска зборував на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје.
Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњаноски зборуваше на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје. Форумот се одржува со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.
“Зборував на панелот на тема: Праведна транзиција и социјална инклузија. Овој панел се фокусира на социјалните димензии на енергетската транзиција, односно како Патоказите за праведна транзиција и Платформата за инвестиции во праведна енергетска транзиција можат да се операционализираат за поддршка на регионите зависни од јаглен. Темите вклучуваат преквалификација на работната сила, економска диверзификација, социјален дијалог, партиципативно креирање политики и насочена поддршка за ранливите заедници. Со ставање на социјалната инклузија во центарот на напорите за декарбонизација, се зајакнува начелото дека амбицијата за климатските промени и социјалната кохезија мора да напредуваат заедно.
Земјите од Западен Балкан се соочуваат со сличен проблем. Обврзани се да ја спроведат декарбонизацијата, но без средства од Фондот за праведна транзиција. Ваквата ситуација не води во барање на начини и можности за соработка со останатите општини. Оттука, постоењето на регионалните општински мрежи како Алијансата на зелени градоначалници во поддршката на локалните самоуправи е еден позитивен пример, преку кој заеднички можеме да побараме и решениеја, да размениме искуства, да видиме со кои проблеми се соочуваме при прицесот на праведна транзиција и декарбонизација. Очигледно, најголемиот проблем е економскиот фактор, односно вработените во термоелектраните и рудниците и новната иднина. Но, ова не е само економски проблем, туку пред се е социјален и затоа е многу важна социјалната инклузија во напорите за декарбонизација. Климатската амбиција и социјалната еднаквост мора да напредуваат заедно во постигнување на локално значајни резултати. Финансииските и политичките предизвици што се претпоставува дека е заеднички случај. Зелените проекти имат долг период на реализација а политичките циклуси се кратки. Да се обезбеди долгорочна зелена иднина.
Зборував и за проектот „Сончеви училишта“ на Фондацијата Отворено општество преку кој се поставија фотоволтаични централи на неколку училишта во Битола, како и за енергетската ефикасност на јавните загради и објекти” – истакна Коњановски.
