Коњановски: Битолскиот стадион наскоро ќе блесне и ќе направи уште еден голем чекор напред кон комплетирање

Сподели го ова:





























Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, истакна дека оваа година ФК Пелистер слави 80 години од своето постоење и затоа е важно клубот да го прослави јубилејот во нагорна линија и со постојан раст.

“Ова е посебна година за еден од нашите најтрадиционални клубови. ФК Пелистер слави 80 години од своето постоење и затоа многу ни е важно клубот да го прослави јубилејот во нагорна линија и со постојан раст. Во името на Општина Битола како единствен акционер на клубот денес ги поздравив фудбалерите и стручниот штаб пред почетокот на сезоната и официјалните натпревари. Ние како Општина Битола обративме посебно внимание на спортскиот проект и издвоивме соодветен буџет. Сакам да го потенцирам значајот на старата клупска управа која го внесе клубот во Првата лига и го стабилизира. Сега им посакувам на новите членови на управниот одбор и бордот на директори да го водат ФК Пелистер кон врвот, каде што единствено му е местото. Сакам да им посакам успешна сезона на новиот стручен штаб и тренерот Димитар Капинковски, а на фудбалерите прво добро здравје, а потоа и врвни спортски резултати.

Ние напорно ќе работиме да бидеме добар сервис на клубот и ветувам многу пријатни новини и во областа на инфраструктурата. Нашиот стадион „Петар Милошевски“ наскоро ќе блесне и ќе направи уште еден голем чекор напред кон комплетирање” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави