Коњановски: Битола е староградско јадро – ја менуваме водоводната инфраструктура
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски и неговиот тим, изминатиот викенд присуствуваа во Скопје на Саемот на отчетност на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Коњановски од Скопје порача дека Битола е староградско јадро и дека во Битола се менува водоводната инфраструктура.
“Би сакал да ја потенцирам огромната поддршка којашто ја имавме во делот на унгарскиот кредит од Владата, никогаш сме немале таква финансиска поддршка, со овие два повици Битола има повеќе од 15 милиони евра, тоа ни даде поттик да работиме на проекти кои сега ги имаме. Битола во вториот повик е лидер со 65 проекти, ја менуваме структурата на градовите, Битола е староградско јадро, ја менуваме водоводната инфраструктура, преку 50 км улици се направени овие 4 години” – истакна Коњановски.
