Конечно, НУЦК “Марко Цепенков” доби нова директорка која одлично познава “како дише” оваа Национална установа
Марија Попова Јованоска е новата директорка која ќе раководи со НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп. Новата директорка е вработена во Центарот за култура повеќе години, што подразбира дека одлично познава “како дише” НУЦК “Марко Цепенков”.
Нејзиното назначување за директор/ка е во предност како за вработените во оваа Национална установа, така и за посетителите кои во иднина ќе уживаат во сите настани кои ќе се одржуваат во Центарот за култура, бидејќи станува збор за личност која мошне добро владее со менаџерските способности, а воедно ужива и голем углед и рејтинг помеѓу културните работници.
Марија Попова Јованоска, доаѓа на директорската позиција на која претходно беше Јасмина Мицовска Станкоска.
Новата директорка, заедно со прилепскиот градоначалник во текот на вчерашниот ден присуствуваа на свеченото отворање на изложбата „Интервали“ од Татјана Винона Јонеска.
“Во текот вчерашниот ден, ја имавме честа да присуствуваме на отворањето на изложбата „Интервали“ од Татјана Винона Јонеска, во ликовната галерија во нашиот град Прилеп.
Оваа изложба, се надевам дека ќе ги задоволи апетитите на нашите љубители на уметноста, која што преку својот динамичен спој на дела од хартија, слики, инсталација и видео, ни нуди вистинско искуство за размислување за интервалите како спојници на просторот и времето.
Честитки за уметничката за нејзините досегашни успеси и изразувам огромна благодарност кон неа за нејзината инспирација и придонес за уметноста во родниот Прилеп!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
