Конечно и во Делчево оваа среда (25.03) доаѓа најбараната хит претстава во Македонија која ќе ја изведат урнебесните “Солза и смеа”
“Солза и смеа” доаѓаат во Делчево оваа среда на 25.03.2026, меѓутоа после толку години стенд-ап шоу, овој пат ќе се претстават со театарската претстава која е хит низ цела Македонија. Станува збор за урнебесна комедија која носи наслов “Леле ШО ќе ти направам”, која ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Делчево доаѓаат на 25.03.2026 година (СРЕДА) , а комичното шоу е закажано за во 20:00h.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си купите во НУЦК Никола Јонков Вапцаров – Делчево по цена од 300 денари.
Подгответе се за вечер исполнета со хумор, забава и многу смеење со екипата на Солза и Смеа!
Резервирајте си место навреме и дојдете да се смееме заедно!
