Комфи Ангел со честитка по повод 2-ри Август, Илинден – Денот на Републиката

Сподели го ова:


Комфи Ангел-ДОО-Прилеп на своите вработени, потрошувачи, деловни соработници, како и на сите граѓани на нашата земја им го честита 2-ри Август, Илинден – Денот на Републиката. Илинден е голем македонски национален празник, кој што има едно големо значење за историјата на нашиот народ. Илинден е празникот кој што не потсетува на вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода, за самостојната држава,  историската борба како и на сите херои кои го дадоа животот за иднината на нашата земја. 2-ри август е Денот  кога македонците се потсетуваат на преголемиот број на борци и револуционери за независна Македонија, кои што преку својата макотрпна борба ја испишаа историјата на македонскиот  народ.





Сподели го ова:

Слични објави