Кој му дал возачка?! 20 годишно момче со својот автомобил усмрти млада девојка
Тешка сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, кога „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во пешак Ф.К.(22) од Скопје. Девојката починала откако била удрена од автомобил кој го возел 20 годишното момче на булеварот „Партизански одреди“.
Како што истакнуваат од МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото бил извршен од страна на увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. Телото на починатата девојка било дадено на обдукција, а возачот В.Ј. бил лишен од слобода.
