Кои производи “веќе поевтиниле”, ќе треба да се знае до крајот на оваа недела
Крешник Бектеши-Министерот за економија, денеска истакна дека оваа недела ќе биле направени анализи на цените во маркетите, при што јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Меѓутоа, од она што може да се забележи, се поставува прашањето кои производи се навистина поевтинети во однос на цената.
Оваа недела, ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни – истакна Бектеши
Министерот, одговарајќи на новинарски прашања напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, бидејќи инспекциските контроли биле засилени.
