Ќе се соочиме ли со енергетска криза??

Сподели го ова:




Цените на светските берзи постојано продолжуваат да рушат нови рекорди, при што моментално мегават час чини вкупно 181 евро, меѓутоа она што е негативна вест е тоа дека експертите очекуваат овој раст и во наредниот период да продолжи. Земјите од регионот и Европа се мобилизираат, па како резултат на тоа започнаа со кроење на план како да се заштитат од преголемиот раст на цените. Прво Рама, а сега Заев алармираше дека и кај нас се очекува енергетска криза. Нашата земја распиша повик за набавка на јаглен, кој што повик би требало да го ублажи и амортизира ударот кој го имаат компаниите на т.н. слободен пазар. Дури во декември ќе имаме појасна слика во однос на она што ќе се случува во нашата земја со електричната енергија-истакна Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, при што самиот тој изјави дека : „Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1ви јануари, затоа што работи се менуваат како на филмска лента. Во тек на декември ќе имаме појасна слика, кога МЕПСО ќе распишат тендери. Верувам ЕСМ ќе произведува и повеќе од тоа што треба“.





Сподели го ова:

Слични објави