ЌЕ ИМА ЛИ ВО ПРИЛЕП КОНЕЧНО СОНЦЕ? Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно, нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Денеска времето ќе биде променливо облачно, а веќе од пладневните часови не се исклучува можноста да настапи голема нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура денес ќе биде во временски интервал од 9 до 16, додека пак максималната ќе достигне до 28 степени. Во Прилеп и прилепско, максималната температура ќе достигне до 26-тиот степен.
И во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно, нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои места во прилепско, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и пообилен дожд, меѓутоа можни се и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
