Кирил Пецаков од Бигорски: “Добив благослов за добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на Општина Охрид”

Сподели го ова:


Денеска, на споменот на Свети Јаков Брат Божји и спроти навечерието на Митровденската задушница, Градоначалникот на Охрид-Кирил Пецаков, беше во посета на Свештената Бигорска Обител, за добивање благослов од Старецот и Епископот г. Партениј. По тој повод Пецаков на социјалните мрежи изјави: “Како и претходно што одржував пријателски контакт со Бигорскиот Манастир така и бевме пречекани во духот на манастирското гостољубие и остваривме средба со нашиот заеднички Старец и Игумен. Ја искажав својата поддршка за човекољубивата дејност на Манастирот, истакнувајќи ги заложбите на нашиот Старец за подобро и похумано општество. Добив благослов за добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на Општина Охрид”-истакна Пецаков-новиот Градоначалник на Охрид.





Сподели го ова:

Слични објави