|

Како резултат на одлуката за тридневна жалост, се откажува најавениот фестивал на Веселите Ѕвончиња кој требаше да се одржи во Прилеп оваа сабота

Сподели го ова:




Како резултат на одлуката за тридневна жалост, се откажува најавеното најново издание на моментално најактуелниот детски фестивал на Весели Ѕвончиња кој требаше да се одржи во Прилеп оваа сабота. Организаторот на фестивалот Драган Јанкоски и Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески Балада изјавија дека посебно овие денови,  не се денови за славење бидејќи сега сите ние сочувствуваме со семејствата на загинатите, а посебно како фестивал им изразуваат сочувство на децата кои ги изгубија своите родители во пожарот во Тетово. Фестивалот се одложува најверојатно за наредниот викенд, меѓутоа за дефинитивниот датум јавноста и фановите на Веселите Ѕвончиња ќе бидат благовремено известени. Инаки најновото издание на фестивалот требаше да се одржи оваа сабота во Прилеп на 11 Септември со почеток во 19:30 часот на камената бина во центарот на градот со запазување на сите пропишани здравствени протоколи.  Станува збор за моментално најактуелниот Детски музички фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA” кој што веќе неколку години по ред се одржуваше во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп, меѓутоа оваа година врз основа на пандемијата со која се соочуваме, најновото спектакуларно фестивалско издание најверојатно за една недела ќе биде одржано на отворено на КАМЕНАТА БИНА во центарот на Прилеп –ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН, А ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ СЛЕДУВА ПОДАРОК ОД “LADNA ВОДА”. Инаку на овој фестивал, сите години наназад освен прилепските детски музички ѕвезди настапуваат и деца од повеќе градови од нашата земја како што се децата од Скопје, Крушево, Радовиш… Како резултат на тоа што овој Прилепски детски музички фестивал моментално е најактуелен на детското  музичко ѕвездено небо, овој фестивал заслужено оваа година се најде на овогодинешната програмата во детскиот блок и на Манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” во Крушево каде настапија детските музички ѕзвезди од последните две фестивалски изданија на летната сцена во Крушево. Оваа покана за учество на детскиот музички фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA” на Манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” во Крушево, беше како резултат на тоа што станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите и децата е тренд да се пее на овој фестивал. Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локални телевизии-посебно во утринските детски ТВ блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија. Новина е тоа што оваа година на фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузмановски и многу други. Како резултат на големиот интерес за учество на фестивалот, уште пред два месеци организаторите на фестивалот не известија дека сите места за учество на овогодинешниот фестивал се пополнети и зафатени, меѓутоа веднаш после завршувањето на овогодишниот фестивал сите заинтересирани ќе можат да се пријават за учество на следното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната година, исто така во Прилеп на тел. број 078/66-77-97. Инаку годинава Детскиот Музички Фестивал “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА by JANA”-Прилеп 2021, ќе понуди вкупно 17 ново компонирани детски и тинејџерски музички хитови, каде исто како и лани, и оваа година како автор на дел од музичките композиции се јавува и Јана Илиеска, која воедно е и Главен креатор на овој детски музички фестивал. Фестивалот и годинава е поддржан од повеќе институции и компании, меѓутоа официјално Директорот на фестивалот Драган Јанкоски и Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, ќе ги објават утре вечер на официјалниот Facebook профил на овој детски музички фестивал, меѓутоа она што се знае е тоа дека главниот медиумски покровител на фестивалот е “STANICA.MK”, првата станица на интернет каде што најбрзо пристигнуваат најновите информации и новости.





Сподели го ова:

Слични објави