Каде се другите?? Зошто вчера пристигнаа само 30-тина наши државјани??

Сподели го ова:




Како што објавивме во последната објава, синоќа, на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа 30 наши државјани,  кои што беа евакуирани од Авганистан. Овие наши граѓани кои што синоќа пристигнаа на аеродромот во Скопје, веднаш по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД која што се наоѓа во Доха-Катар. Меѓутоа се поставува прашањето, каде се, и кога ќе стигнат останатите граѓани кои што беа евакуирани од Авганистан? Врз основа на информациите од МНР, најголемиот дел, или 39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија, од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјата, ќе бидат упатени за дома; во Осло, Норвешка се наоѓаат седум наши граѓани, кои исто така согласно епидемиолошките мерки на земјата домаќин се наоѓаат во неколкудневен карантин, по што наскоро ќе бидат упатени дома.





Сподели го ова:

Слични објави