ЈП “Комуналец” – Прилеп: Ваше е да уживате, наше е градот да е домаќински среден, како ништо да не се случувало изминатата вечер

Сподели го ова:





























Овој викенд во Прилеп започнува најголемата летна манифестација “Пиво Фестивал 2026”, а за чистотата во градот, како минатите години – така и оваа, тука е прилепски Комуналец:

“Повелете во Прилеп, заедно да создадеме уште едно незаборавно издание на Пиво Фестивалот!Ваше е да уживате, наше е до 08:00 часот наутро, градот да е домаќински среден, како и ништо да не се случувало изминатата вечер.

ЈКП ,,Комуналец”- Прилеп, на врвот на својата задача, пред, за време и по завршувањето на Фестивалот на пивото.

Можеме ли сите заедно да се гордееме што нашиот град е носител на еден ваков Бренд.

Наше е да работиме и да одржуваме врвна хигиена, Ваше е да уживате” – информираат од ЈП Комуналец – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави