ЈП Комуналец -Прилеп постави нови контејнери за почиста и поздрава животна средина

Сподели го ова:





























Нови контејнери за почиста и поздрава животна средина во Општина Прилеп.

Во рамките на проектот за Регионално управување со цврст отпад, во Општина Прилеп, ЈКП,, Комуналец”, ,започна со поставување на нови контејнери за мешан комунален отпад и контејнери за селекција на отпад, со што се заменуваат старите и дотраени садови за отпад. Од проектот од Министерството за животна средина и просторно планирање општината доби 126 контејнери за одлагање на отпад по принципот на сува и влажна фракција.

Новите контејнери претставуваат значаен чекор кон подобрување и реализација на воспоставениот современ и ефикасен систем за управување со отпадот имплементиран во Општина Прилеп, со цел подобрување на јавната хигиена, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани. За системот да продолжи да функционира успешно, неопходна е активната поддршка и пред се одговорност на секој граѓанин.

Како правилно да се користат контејнерите?

Во зелените контејнери за мешан комунален отпад се одлага отпад кој не може да се рециклира. Во контејнерите за селекција се одлага само отпадот за кој се наменети – пластика, лименка, најлон, хартија, картон, и друга амбалажа, согласно ознаките поставени на контејнерите. Секоја амбалажа го има унифицираниот знак за рециклирање кој треба да се следи

Отпадот треба да биде одложен во внатрешноста на контејнерот, а не покрај него.

Не треба да се остава градежен, кабаст или друг отпад што не е предвиден за овие садови, и кои веднаш се оштетуваат по одлагањето на недозволен отпад.

Со притискање и преклопување на картонските кутии и пластичната амбалажа се овозможува поголем капацитет и поефикасно собирање на отпадот, ова најмногу треба да го практикуваат бизнисите кои исфрлаат големи количини на картонски отпад, но и граѓаните во домашната канта за селекција.

Со правилна селекција секој од нас придонесува за:

– зголемување на рециклирањето;

намалување на количината отпад што завршува на депониите;

– почиста и поздрава животна средина;

– поефикасно идно регионално депонирање на отпадот;

– спречување во безмилосното искористување на природните ресурси

Јавното претпријатие ги замолува и повикува сите граѓани совесно да ги користат новите контејнери, да ја почитуваат нивната намена и да дадат придонес за почист, екплошки град, а титулата Зелена општина да ја респектираме и носиме со гордост.




Сподели го ова:

Слични објави