ВИДЕО: Јовчески: Создаваме нова иднина-Ќе ги реконструираме влезовите на Прилеп

Сподели го ова:




д-р Борче Јовчески, човекот со голем рејтинг и углед кај Прилепчани, даде ветување пред прилепската јавност дека ќе ги реконструира влезовите на Прилеп. На денешната прес конференција, еве што тој изјави: “Почитувани прилепчани и претставници на медиумите,Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќај и како возач, но и како пешак или велосипедист.Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој прилепчанец ќе се гордее.За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!”-истакна д-р Борче Јовчески





Сподели го ова:

Слични објави