Јовчески, Проданоски и прилепските пратеници во присуство на амбасадорите на Франција и Германија, на Германските гробишта во Прилеп им одадоа почит на паднатите жртви од Првата светска војна
Јовчески, Проданоски, и прилепските пратеници во присуство на амбасадорите на Франција и Германија, денеска на Германските гробишта во Прилеп им одадоа почит на паднатите жртви од Првата светска војна
“Заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски им оддадовме почит на паднатите жртви. На пригодната церемонија присуствуваа Амбасадорот на Република Франција г-дин Сирил Бомгартнер, заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија г-дин Ото Граф, пратениците во Собранието на Република Македонија Петар Ристески и Миле Талевски, како и претставници на повеќе амбасади во Македонија. На денешен ден се потсетуваме на загинатите, но исто така мораме да посочиме дека тие времиња се зад нас и дека денес треба да го одржуваме мирот кој што постои помеѓу нациите кои порано биле завојувани или спротивставени страни. По повод примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и Сојузна Република Германија во Македонија, на Германските гробишта во Прилеп денеска им одадоа почит на паднатите жртви од Првата светска војна.и”– истакна Јовчески.
На Германските гробишта во Прилеп почиваат преку 1.700, пред се германски војници, од Првата светска војна.
