Јовчески: Ќе продолжиме со инспекциски проверки опфаќајќи јавни објекти, угостителски објекти и урбаната опрема
Во текот на вчерашниот ден, градоначалниците од цела Македонијана присуствуваа на Управниот одбор на ЗЕЛС. Главна тема на состанокот беа вонредните инспекции на јавните објекти, кои што се спроведоа во изминатиов период и кои што ќе продолжат.
Како Општина Прилеп, ќе продолжиме инспекциски проверки опфаќајќи не само јавни објекти, како што се сите наши училишта и градинки туку и за угостителските објекти и урбаната опрема. Нашата цел е да се осигуриме дека секој објект е безбеден, а граѓаните заштитени. Инспекциите се превентивна алатка, а не казнена – затоа и ќе продолжиме со оваа практика, за да спречиме евентуални несакани случувања. Координирано нашите локални инспекциски служби заедно со централните и со Дирекцијата за заштита и спасување ќе продолжат да делуваат. Остануваме посветени како Локална самоуправа на заштитата на граѓаните и создавањето безбедна средина за сите! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
