Јованоски кој е од СДСМ вчера изјави дека е сигурен дека прилепчани во наредните 4 години ќе бидат задоволни од работата на Јовчески!!!!

Сподели го ова:




Вчера, претходниот градоначалник на Општина Прилеп-Илија Јованоски, за медиумите ја даде следнава изјава: Сигурен сум дека во наредните 4 години ќе бидете задоволни од работата на Јовчески. Јас денес од мое лично име сакам да му честитам на мојот колега доктор Борче Јовчески за доверениот мандат во наредните 4 години како градоначалник на Прилеп. Убеден сум и сигурен сум дека ќе биде во функција на сите вас, граѓаните, ќе направи проекти кои што ги има замислено и ќе ги реализира сите во наредниот период. Му посакувам пред се добро здравје и сигурен сум дека во наредните 4 години ќе бидете задоволни од неговата функција во Општина Прилеп“, истакна Јованоски. Дали вчерашната изјава на Јованоски значеше НЕГОВО ПРИЗНАНИЕ дека прилепчани со изборот на Борче Јовчески го избраа најдобриот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп?? Како и да е, вчерашната изјава на Јованоски, укажува дека самиот тој е сигурен дека прилепчани во наредните 4 години ќе бидат задоволни од работата на Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави