ЈКП „Водовод“ – Битола – постојана посветеност за подобро водоснабдување

Сподели го ова:





























Ве известуваме дека по извршената санација на водоводната мрежа (челична цевка Ф – 400) на битолските улици: Кире Костадиновски, Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато. Екипите беа постојано на терен и активностите околу санацијата се одвиваа во најбрз временски рок.

Секојдневно и посветено работи на одржување и санација на водоводната мрежа, со цел обезбедување на квалитетно и континуирано водоснабдување за сите граѓани.Нашите екипи се постојано на терен, спроведувајќи редовни контроли, интервентни поправки и замена на дотраени делови од мрежата – истакнуваат од ЈКП „Водовод“ – Битола.




Сподели го ова:

Слични објави