ЈКП Водовод – Битола е дел од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Република Македонија“
ЈКП Водовод – Битола е дел од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Република Македонија“, финансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, како и општините и комуналните претпријатија вклучени во проектот.
Во рамки на проектот, од страна на ЈКП Водовод – Битола се доставени повеќе проектни предлози и инвестициски мерки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и ефективноста во работењето на претпријатието.
Предложените активности опфаќаат модернизација на системите за мониторинг и управување, намалување на загубите на вода, подобрување на енергетската ефикасност, надградба на SCADA системот, имплементација на современа мерна и контролна опрема, како и дигитализација на деловните и оперативните процеси.
