ЈКП Комуналец-Прилеп непрекинато работи на косење на тревата на градските гробишта
КП ,,Комуналец”- Прилеп, со засилени екипи работи на косење и чистење на Новите градски гробишта. И покрај временските неприлики, и високо израснатата трева заради брзата вегетација, комуналните работници ги искосија и уредија Градските гробишта.
За престојниот празник Духовден, гробиштата се комлетно искосени со дополнителен неделен и празничен ангажман од вредните комунални работници.
