ЈКП Комуналец-Прилеп изврши бојадисување на жардиниерите пред старата општинска зграда и извршија засадување со грмушкасти украсни растенија
Комуналните работници денеска извршија бојадисување на жардиниерите пред старата општинска зграда и извршија засадување со грмушкасти украсни растенија.
По навика, граѓаните жардиниерите ги користат за исфрлање на отпушоци и др. ситен отпад.
Замолуваме, на оваа локација корпи за отпадоци има пред влезот на старата општинска зграда и на неколку чекори на платото пред тринесеткатницата.
Чисто е Убаво!
