Јавните личности со поддршка на кампањата: „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“

Сподели го ова:




Повеќе јавни личности од нашава земја ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација. Оваа кампања започнува со нејзината основна порака која гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“За оваа кампања снимено е и едноминутно видео каде што јавните личности ги изразија сопствените  лични ставови за вакцините, а исто така самите тие споделија емотивни сведоштва за сопствените  искуства со здравствена пандемија. Во оваа кампања учествуваат: Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, професор д-р Никола Пановски,  актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, дел од актерите од Преспав и многу други. Сите овие претходно наведени,  едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, кој што е неопходен заради  стекнување на колективен имунитет.Оваа кампања за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанска Банка, Стопанската Комора, многубројни медиуми и други организации.





Сподели го ова:

Слични објави