Јане Ченто со проштална порака до Игор Југ: Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно
Како што обjавивме претходно, на 54 годишна возраст почина Игор Југ, осуденик за „27 април“, кој издржуваше 12 годишна затворска казна. Неговиот другар и пријател Јане Ченто -кој сеуште минува голгота по затворите, се опрости од Игор Југ со емотивен говор:

“Почина Игор Југ
Игор е првата жртва на овој трул систем кој не намести да лежеме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.
Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи.
Ние бевме цврсти пред надворешниот свет но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно.
Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане НЕКАЗНЕТО, тоа му го должиме и него и на неговото семејство.
Оние што го направија ова имаат име и презиме и МОРА ДА ОДГОВАРААТ!
Стари (како што го викав во него), нека ти е лесна земјата.
Долго време поминавме заедно во ќелиите, и тага и радост слававме заедно….
Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно.
Сочувство до семејството на Игор Југ.
Ивана нема да бидеш сама ни ти ни децата
Збогум Стари, нека Господ ти ги отвори рајските порти бидејќи ти беше таков човек.
Погребот ќе се оддржи утре Сабота во 14 часот на Градските Гробишта Куманово
Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот – напиша на Фејзбук Јане Ченто.















