Јанчев: Денешниот голем празник нека не потсети на нашата единственост, нашата традиција и нашата култура
Честитајќи го овој празник се сеќаваме на големите македонски просветители кои што ни го подарија најголемото богатство, писменоста. Ликот и делото на основачите на првата словенска азбука-глаголицата, е нераскинлив дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. По повод денешниот голем, државен и христијански празник 24-ти Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, искрена честитка до граѓаните упати и Градоначалникот на општина Кавадарци-Митко Јанчев. Неговата искрена честитка до граѓаните, целосно Ви ја пренесуваме во прилог на оваа објава:
“Денешниот голем празник нека не потсети на нашата единственост, нашата традиција и нашата култура.Браќата Кирил и Методиј, словенските просветители со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротивставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, ја проширија писменоста во дотогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост.Денес имаме обврска, но пред се чест да ги спомнеме и славиме нивните имиња. Глаголицата претставува основа за културата на македонскиот народ и патот по кој чекориме напред.Честит празник и да ги славиме имињата на Светите браќа Кирил и Методиј”- истакна Јанчев по повод денешниот голем, државен и христијански празник 24-ти Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.
