Изминатиот викенд, прилепсккот градоначалник беше на “Ашуре” во прилепско Канатларци

Сподели го ова:





























Соживотот и заедничкото негување на традиционалните вредности претставуваат вистински пример за меѓусебно почитување, разбирање и добри меѓуетнички односи.

Вчера, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски со неговиот тим присуствуваа на традиционалното одбележување на Ашуре во населеното место Канатларци.

“Денот на Ашура е десеттиот ден од месецот Мухарем. Ашурето е традиционален десерт што симболизира благодарност, солидарност и заедништво. Според вековната традиција, се подготвува во големи количини и се споделува со соседите, пријателите и роднините како знак на почит, добрина и хуманост.

Нека овие вредности продолжат да нè обединуваат и да бидат поттик за уште поголема меѓусебна доверба, почит и соживот.

Само преку заедништво, разбирање и негување на традицијата можеме да градиме подобра иднина за сите во општина Прилеп” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави