Изминатата недела дадени се скоро 50.000 први дози на вакцини

Сподели го ова:


Изминатата недела дадени се без малку 50.000 први дози на вакцини.  Изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата, од кои што прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани.
Вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација-Истакна министерот за здравство. Во однос на податоците, 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „република северна македонија министерствоза здравство недела 15.08.2021 #вакцинирасе без закажан термин вакцинирани за два дена 22.586 вкупно аплицирани дози 1.058.112 вакцинирани co две дози 471.728“






Сподели го ова:

Слични објави