|

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН 2021

Сподели го ова:


Од 3-ти до 17 Ноември во Ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп ќе има изложба на дела од колонијата Дрен 2021 година. Ќе бидат изложени над 20 дела, создадени од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Досега на колонијата Дрен во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.





Сподели го ова:

Слични објави