Илинденскиот марш ќе започне од вторник

Сподели го ова:




Коњаниците кои што ќе бидат дел од овогодинешниот 43-ти традиционален коњички марш веќе ги прават последните подготовки покрај кејот на реката Вардар по повод националниот празник Илинден. Оваа година на маршот ќе учествуваат вкупно 20 коњаници меѓу кои ќе има и две девојчиња. Коњаниците ќе тргнат кон Крушево во вторник, од паркот „Јане Сандански” во 17:30 часот и ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле” во Горно Лисиче. Тука, ќе се одржи народен собир кој што ќе биде проследен со културно-уметничка програма каде што ќе настапат  „Некст тајм” и триото „Џентлмен”, а исто така се очекува поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан на овогодинешните коњаници да им даде благослов за маршот, кој што марш го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978″.





Сподели го ова:

Слични објави