И во лето – и во зима, работа за “битолски Комуналец” секогаш има!
Изминативе денови “битолски Комуналец” континуирано работеше на своите тековни активности. Имено, деновиве се реализираа голем број на активности за разубавување и одржување на Битола.
По примерот на светските уредени метрополи, и Битола постојано работи на уредување на своите паркови. Впрочем, ова лето вистинска цветна бајка постои во Битола, благодарение на ЈП “Комуналец” кој непрекинато ги уредува парковите низ градот.
