И оваа година во Прилеп „Поетско Маркукуле 2026“ ќе ги обедини поетите, авторите како и љубителите на пишаниот збор

Сподели го ова:





























И оваа година со одржувањето на манифестацијата „Поетско Маркукуле 2026“, клубот на литературни творци од Прилеп ја продолжува долгогодишната традиција на поетски средби. „Поетско Маркукуле“ и оваа година ќе ги обедини поетите, авторите како и љубителите на пишаниот збор, на оваа препознатлива прилепска културна манифестација.

Оваа година, манифестацијата започнува на 15 август во 17 часот со прием на поетите и учесниците, додека пак свеченото отворање ќе започне истиот ден во 18:00 часот, по што во 18:15 часот ќе следи промоцијата на зборникот „Поетско Маркукуле 2026“. Веднаш потоа, во 18:45 започнува претставувањето на поетите, кои пред присутната публика ќе се претстават со свои авторски песни. На првиот ден ќе бидат доделени благодарници и признанија за учесниците и придонесот кон самата манифестација. Програмата од првиот ден завршува со свечено затворање, а веднаш потоа за учесниците ќе следи закуска, коктел и дружење.

Следниот ден на 16 август, поетската приказна продолжува на автентично место поврзано со „Поетско Маркукуле“, при што учесниците ќе го посетат Тронот кај Слонот, каде што ќе се одржат и поетски читања под Маркукуле.




Сподели го ова:

Слични објави