И дечињата од Royal Kids House, ќе настапат на најпопуларниот фестивал “Весели Ѕвончиња”
Честитки за слатките Ројалковци! Вечерва во “R Music Studio” ја снимиja нивната песна/химна, со која ќе настапат на 7-то издание на најпопуларниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by Jana” на 10 и 11 април во голема сала во Центарот за култура Марко Цепенков-Прилеп.
Песната носи наслов “Royal Kids House”, при што истата е изработена од Гоце Балада кој се потпишува како автор на музиката и текстот за оваа песна, додека пак аранжманот и обработката на песната е дело на Рубин Димкоски од групата Меморија.
Уште еднаш честитки за дечињата од “Royal Kids House”, а како ќе звучи оваа екстра песна премиерно ќе слушнете на најновото 7-мо издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by Jana”, наедниот месец во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп.
