Оваа сабота во Прилеп -групата “Фолтин” со настап пред прилепската публика
На летната сцена во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп на 6.09.2025 година концерт ќе одржи познатата група Фолтин. Настанот е закажан со почеток во 21:30h а билетот изнесува 300 денари. Станува збор за музичката група која користи стандардни музички елементи.
Музичкиот јазик на „Фолтин“ е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан eсперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси.
