Граничниот премин „Богородица“е затворен за сообраќај

Сподели го ова:




Граничниот премин „Богородица“ речиси два часа е затворен за сообраќај, како од македонска, така и од грчка страна. Ваквото затворање е резултат на пожарот кој се појави околу 14.00 часот во близина на Гевгелија, а како резултат на  ветрот се спушти до граничниот премин. Благодарение на брзата интервенција огнот е изгаснат, меѓутоа овој граничен премин е сеуште затворен се додека целосно не се смири ситуацијата со пожарот. Што се однесува до патниците, самите тие се пренасочуваат на граничниот премин „Стар Дојран“.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, дрво и природа





Сподели го ова:

Слични објави