|

ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ најавија сопствениците на ноќните клубови ако Владата и понатаму остане глува на нивните барања

Сподели го ова:




Сопствениците на ноќни клубови од нашата земја вчера вечерва на својот одржан состанок во Штип, најавија граѓанска непослушност, при што доколку оваа Влада остане целосно глува на нивните барања за да самите тие отпочнат со работа, тогаш своеволно ќе ги отворат нивните клубови-почнувајќи од наредниот викенд. Горан Арсовски, претставник на Здружението на ноќни клубови изјави: “Најпрво да се избегнат манипулациите и спинување на вистината, како и претставувањето на ноќните клубови, како причинители за ширењето на заразата, би сакале да ја информираме јавноста за целиот тек на настаните од започнувањето на пандемијата. Ноќните клубови во затворен простор во Македонија се единствените од целиов регион и од целиот свет кои со одлука на Влада се во целост затворени и не работат повеќе од 19 месеци. Единствено кај нас не се најде начин и решение да работат со соодветни протоколи за работа… Финансиска помош, како најпогодени од оваа пандемија немаме никаква и сме принудени секој сам од себе, како знае и умее да ги сервисира режиските трошоци, како и ратите од дадените кредити од развојна банка, кои беа понудени како помош, кои дојдоа на ред да се плаќаат, а ние се уште не работиме. Сакаме да ја информираме јавноста дека за сите овие 19 месеци во кои не работиме, Владата ни даде минимална финансиска помош која се однесуваше само за два месеци. Ние сакаме да започнеме со работа со соодветни протоколи, во иста мера ригорозни како останатите кафе барови и ресторани, односно со 50 отсто од капацитетите на објектите и само со лица кои поседуваат сертификат за имунизација, односно имунизирани лица и доказ за прележани од болеста во изминатите 30 дена. Како и што не ја гледаме логиката секојдневно да сведочиме на забави и „евенти“ кои се одржуваат во кафе барови, кога единствената разлика е во работното време, а ние да не можеме да работиме иако секоја година плаќаме лиценци и сме специјализирани за тоа. Во летниот период се дозволија одржување на настани и работа на летните дискотеки по што се покажа дека со почитувањето на соодветни протоколи, работата на летните дискотеки, воопшто немаше удел во покачување на бројките на новозаразени, што директно укажува на фактот дека ние не сме причинители на ширењето на заразата“-истакна Арсовски.

Додека пак членовите на Здружението на ноќни клубови го изјавија следното: “Па би сакале да ја прашаме власта која е логиката за ние да не заслужуваме да добиеме протокол за работа, а политиката да не страда и да собира по илјадници лица на едно место. Ја известуваме власта и Комисијата за заразни болести да престанат со селективното однесување како воопшто да не постоиме и во текот на оваа недела да ни дадат термин за состанок на кој ќе се разговара за нашето работење. Во спротивно ќе бидеме принудени по пат на граѓанска непослушност да ги отвориме клубовите, за што би можеле да одговараме кривично, како да сме криминалци, а не бизнис субјекти кои бараат излез од целава ситуација да преживеат, да опстанат, да работат и да плаќаат даноци”, истакнаа членовите на Здружението на ноќни клубови.





Сподели го ова:

Слични објави