ГРАЃАНИТE ЗГРОЗЕНИ: Kpивична пријава за нacтавник кој допиpaл малолетна yченичка

Сподели го ова:





























Денеска од страна на Основното јавно обвинителство во Струмица, беше соопштено дека од нивна страна била издадена наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник кој што е осомничен за кривично дело – “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” – од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Казната за вакво дело е најмалку 12 години.

“Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената” се наведува во соопштението на ОЈО-Струмица.




Сподели го ова:

Слични објави