Граѓаните повторно ќе одмараат! Август ни носи два нови продолжени викенди
Наредниот месец ни носи два нови продолжени викенди. Имено, првиот е по повод Денот на Републиката – Илинден. Оваа година 2 август се паѓа во недела, а согласно Законот за празниците, понеделник ќе биде неработен ден (3 август).
Вториот продолжен викенд ни претстои кон крајот на месецот. Имено, за граѓаните од православна вероисповед, празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден, и истиот се паѓа на 28 август, петок.
