Граѓаните кои живеат во Република Македонија плаќаат најскапа струја во регионот“ – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:






























Заради неспособноста на СДС македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот. Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение, при што од таму додаваат:

“Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија. БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15%“ -анализираат од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави