Граѓаните ќе останат без струја?? Пропадна тендерот за набавка на јаглен за „РЕК Битола“

Сподели го ова:




Пропадна тендерот каде што се бараше да се купат под итно вкупно 900.000 тони јаглен за целосно пуштање во употреба „РЕК Битола“. Како што истакнуваат од „ЕСМ“ понуди имало меѓутоа понуденото количесто претставува такво количество кое што не можело да ги задоволи потребите за да биде ублажена енергетската криза. Вкупно девет компании биле во игра, меѓутоа ниту една понуда не била ниту малку приближно до онаа бараната, при што понудени биле само 165 илјади тони. Во однос на „ТЕЦ Осломеј“ имало понуда за вкупно 300 илјади тони, меѓутоа ќе се бира кој оператор ќе биде. Нашата земја ќе распишува сега нов тендер. Меѓународниот тендер е со намера да обезбеди јаглен за потребите на третиот блок на „ТЕЦ Осломеј“ и„РЕК Битола“, при што овие количини се неопходни за да биде засилено домашното производство на струја, се со цел за да се стабилизира цената за македонското стопанство. Стопанските субјекти во нашата земја со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, меѓутоа стопанството се соочува со опасност од голем ценовен удара како резултат на големиот пораст на цените на берзите.





Сподели го ова:

Слични објави