Градоначалникот Проданоски синоќа беше “рамо до рамо” со екипите на МЕПСО кои го отстрануваа дефектот кој предизвика Прилеп неколку часа да биде без струја

Сподели го ова:





























Синоќа, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски беше на терен заедно со екипите на МЕПСО, кои неуморно работеа на отстранување на дефектот на далноводот Прилеп – Кавадарци.

Целосната ангажираност е во насока на што побрзо воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија во Општина Прилеп. ​Во постојан контакт сум со надлежните служби и ги следиме сите активности од лице место.​ Ве уверувам дека се прави сѐ што е потребно за проблемот да се реши во најкраток можен рок. Им благодарам на граѓаните за трпението и ги повикувам да останат смирени! -порача синоќа прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави