Градоначалникот Проданоски: Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена

Сподели го ова:





























Карпалак е симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината.

“Во текот на вчерашниот ден започнавме со одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина прилепски бранители кои своите животи ги положија во одбраната на Република Македонија.

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјета во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и кај селото Лениште, се поклонивме пред нивната жртва и оддадовме достојна почит на нашите херои.

Утрово, почит им оддадовме и пред нивните вечни почивалишта, со мисла за нивните семејства, нивните најблиски и за нивното дело кое останува длабоко врежано во историјата на Прилеп и Македонија.

Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена. Наша обврска е да паметиме, да ја чуваме вистината и со најдлабока почит да го негуваме споменот на оние кои без двоумење застанаа во одбрана на Република Македонија.

Во 13:00 часот денес, ве поканувам сите заедно да се поклониме пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп и заедно да им оддадеме почит на десеттемина прилепски бранители.

Нека нивната љубов кон Македонија биде наша трајна обврска и инспирација.

Вечна им слава!” – истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави