Градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек – започнат е нов бран на проекти
Сподели го ова:
Со подобрувањето на временските услови, градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек и започнуваме нов бран на проекти кои носат подобра инфраструктура, подобри услови за децата и поквалитетен живот за граѓаните.
Завршен проект: Реконструирана е детската градинка „Росица“ во село Бистрица, со што најмладите добиваат многу подобри и побезбедни услови за престој и развој.
Започнати нови проекти:
Започна изградбата на ново спортско игралиште во населбата „Стрелиште“, нов простор за спорт, рекреација и дружење на младите.
Започна изградбата на училишната спортска сала во ОУ „Стив Наумов“, значајна инвестиција за учениците и за развојот на училишниот спорт.
Започна реконструкцијата на улици во с.Братиндол, подобра инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот на жителите.
Општина Битола не ветува, туку работи. Со јасна визија, посветеност, создаваме нови вредности и ја правиме Битола модерна – истакнаа од Општина Битола.
Почитувани сограѓани, Со голема радост ве известуваме дека на 4 октомври (петок), со почеток во 20:00 часот, во храмот „Св. Петка“ ќе се одржи уште еден хуманитарен концерт од серијата на културно-уметнички настани кои имаат за цел да го подигнат духовно-уметничкото и културно ниво во нашиот град. Овој пат, прилепската публика ќе има извонредна можност…
Првиот ден од настанот „Зимска Бајка“, во организација на Младинска Граѓанска Акција во Општина Новаци, беше исполнет со музика и празнична атмосфера. Посебен момент на вечерта беше првиот солистички концерт на КУД „Везилка“, кој со својот настап ја воодушеви публиката и ја промовираше традицијата и културата. Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“…
Приведен возач од Битола, управувал возило со брзина од 197 км на час на место каде е дозволено 80 км на час На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола. При радарска контрола во…
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часотсабота…
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.З.(28) од Германија, со привремен престој во с.Лажани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во април 2022 година изработил фалсификувана возачка дозвола за положени категории „АМ“ и „Б“ и ги употребил во Сојузна Република Германија како вистински за добивање на германска возачка дозвола.
Денеска е “Лазарова сабота”, празникот кој што е поврзан со верата и традицијата. Кога станува збор за традицијата-говориме за старите обичаи со т.н. “Лазарки”, кои пеат по домовите низ нашата земја за здравје на семејствата во пресрет на велигден. Ова е позната стара традиција, меѓутоа денешниов празник говори за воскресението на Лазар од страна на…