Гореше куќа во прилепската населба “Марино Мало”

Сподели го ова:


Врз основа на податоците со кои располага stanica.mk денеска околу 10 часот на прилепската улица “Неретва” која што се наоѓа во прилепската населба “Марино Мало”, се запали куќа. На терен веднаш беа пристигнати противпожарни возила, меѓутоа веќе беше касно бидејќи кровот на куќата веќе беше целосно изгорен. Повеќе очевидци кои биле присутни во моментот додека горела куќата се јавија до нашата информативна редакција при што како истакнуваат тие: ”пламените јазици брзо го зафатија покривот на куќата, а од високата температура која беше создадена како резултат од големите пламени јазици се слушаше пукање на ѓерамидите од запалената куќа, а звуците се слушаа низ целата улица”.





Сподели го ова:

Слични објави